Screenshot 2024-12-16 193510
Документот е испратен на : декември 16, 2024

Барање за пристап до информации од јавен карактер во врска со Јавните овластувања на Стоматолошка комора на Македонија и организацијата на 26 тиот Басс Конгрес

Дознајте повеќе за важните информации од јавен карактер поврзани со Јавните овластувања на Стоматолошка комора на Македонија! Откријте како овие овластувања влијаат на организирањето на 26-тиот Басс Конгрес. Дали овој конгрес бил акредитиран и дали легално бил организиран?

Одговор од страна на Стоматолошка комора на Македонија

Докази врз кои се темели сомнежот за неправилности

From: Aleksandar Markozanov <a.markozanov@gmail.com>
Date: Wed, 7 Dec 2022, 16:45
Subject: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 26-ТИ КОНГРЕС НА БАЛКАНСКОТО СТОМАТОЛОШКО ДРУШТВО (BaSS)
To:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 26-ТИ КОНГРЕС НА БАЛКАНСКОТО СТОМАТОЛОШКО ДРУШТВО (BaSS)

11-14 МАЈ 2023, Скопје Хотел Doubletree by Hilton

Почитувани,

Стоматолошката комора на Македонија како поддржувач на 26-тиот Конгрес на Балканското Стоматолошко Друштво (https://e-bass.org/26thcongress/) во договор со Организациoниот Одбор на конгресот за сите активни членови на комората (со платена членарина за 2021 година) ги овозможува следните поволности за уплата на конгресна котизација:

КОНГРЕСНА КОТИЗАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА

Рокови за уплата и регистрацијаДОКТОРИ НА СТОМАТОЛОГИЈАСТУДЕНТИ И ЗАБНИ ТЕХНИЧАРИЛИЦА ВО ПРИДРУЖБА
со свечена вечерабез свечена вечера
до 31.03.20239.000,006.800,001.800,00*4.400,00*
до 10.05.202310.200,008.000,003.200,00*4.400,00*
од 11.05.202310.900,008.700,003.200,00*4.400,00*

*Свечената вечера не е вклучена во цена на котизација за студентите, забните техничари и лица во придружба

** Цените се изразени во денари (МКД)

 Стоматолошкатa комора на Македонија на своите активни членови им овозможува и уплата на конгресната котизација на 3 (три) рати, според следниот распоред:

Ø  прва рата ( до 15.01.2023)

§  со свечена вечера – 3.000,00 денари

§  без свечена вечера – 2.000,00 денари

Ø  втора рата (до 28.02.2023)

§  со свечена вечера – 3.000,00 денари

§  без свечена вечера – 2.000,00 денари

Ø  трета рата (до 31.03.2023)

§  со свечена вечера – 3.000,00 денари

§  без свечена вечера -2.800,00 денари

——————————————————————————————————————————————————————————————————

Уплатата на котизација во денари треба да се изврши на следниот начин:

Цел на дознака: уплата на котизација за БаСС (со име и презиме)

Корисник: БАССМК

Банка: СИЛК РОУД

Жиро сметка: 280119103308392 

Регистрацијата се смета за комплетна откако ќе се пополни и испрати формуларот кој може да се превземе на следните линкови:

https://e-bass.org/26thcongress/registration

——————————————————————————————————————————————————————————————————

 ПРИ ПОДГОТОВКА НА ТРУДОВИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЛЕДЕТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ УПАТСТВА:

Ø  Рок за пријава на апстракти на трудови: најдоцна до 31.03.2023 година

Ø  Рок за праќање на потврда за примен труд: најдоцна до 07.04.2023 година

Ø  Рокот за плаќање на рана котизација по известување за примен труд е 7 (седум) календарски денови по примена потврда за прифаќање на трудот, а најдоцна до 15.04.2023 година

Ø  Трудовите се доставуваат исклучиво на англиски јазик

Повеќе информации во врска со формата во која треба да бидат подготвени, како и начинот на кој треба да бидат испратени апстрактите, може да се најдат на следниот линк:

——————————————————————————————————————————————————————————————————

Награди на конгресот на BaSS за најдобри усни и постер презентации се доделуваат со цел да се промовираат научните активности и истражувања во стоматологијата. Наградите се доделуваат на три најдобри усни и три најдобри постер презентации.

Повеќе информации во врска со пријавите за натпреварот за Наградите на конгресот на BaSS, може да се најдат на линк

——————————————————————————————————————————————————————————————————

Авторите кои ќе се регистрираат за усна или постер презентација, се должни да ја уплатат раната конгресна котизација најдоцна до 7 (седум) календарски дена по прием на потврдата за прифаќање на трудот, а најдоцна до 15Трудовите се доставуваат на англиски .04.2023 година, како би можело трудовите да се внесат во книгата на апстракти, а презентациите да бидат внесaт во финалната програма на Конгресот.

Формуларот за регистрација на авторите, може да се превземе на следните линкови:

https://e-bass.org/26thcongress/registration

——————————————————————————————————————————————————————————————————

Стоматолошката комора на Македонија, согласно Правилникот за континуирано стручно усовршување на докторите на стоматологија, ќе го бодира Конгресот со:

§  20 бода за активно учество (за автори и коавтори на трудови)

§  16 бода за пасивно учество

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија

Одговорот е добијан на ден: 31 декември, 2024

Докази врз основ на кои е покренато ова истражување

Share the Post: